Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе ја одржи традиционалната годишна прес-конференција.
Поради мерките против корона вирусот, годинава бројот на новинари ќе биде ограничен на 500, а конференцијата ќе се одржи на поголем простор.
За учество на прес-конференцијата ќе бидат потребни три ПЦР тестови.
Големата прес-конференција на Путин е годишен настан кој се одржува од 2001 година.
По правило, шефот на руската држава прво се осврнува на главните економски и социјални показатели, а потоа новинарите имаат можност да поставуваат прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.