Во денешни услови кога сите водечки земји-членки на НАТО најавија дека нивна главна цел е да ни нанесат стратешки пораз за, како што велат „нашиот народ да пати“, како да ги игнорираме нивните нуклеарни капацитети во овие услови?, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин за државната телевизија Русија 1, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

Путин посочува дека Русија мора да ги земе предвид нуклеарните способности на НАТО алијансата, предводена од САД, кои, како што вели „сакаат да ја поразат неговата земја“.

Тие имаат една цел: да го распуштат поранешниот Советски Сојуз и неговиот главен дел – Руската Федерација. Дури тогаш можеби ќе не примат во таканареченото семејство на цивилизирани нации, но само одделно, секој дел посебно. Западот е индиректен соучесник во „злосторствата“ извршени од Украина, рече рускиот претседател.

Потенцира дека Западот испраќа оружје во вредност од десетици милијарди долари во Украина со што индиректно учествуваат во како што вели тој „злосторствата на режимот во Киев“.

Путин го повтори својот повик за создавање мултиполарен свет.

Против што сме ние? Против тоа што овој нов свет кој се појавува, се гради исклучиво во интерес на една земја, САД. Сега кога нивните обиди да го реконфигурираат светот според нивниот имиџ по падот на Советскиот Сојуз доведоа до оваа ситуација, ние сме должни да реагираме, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.