Рускиот претседател Владимир Путин, на заедничкиот состанок на лидерите на Организацијата за договор за колективна безбедност (ОДКБ) и Шангајската организација за соработка, порача дека новата авганистанска влада формирана од талибанците не е репрезентативна и инклузивна, но дека е од суштинско значење да се соработува со неа.

Путин, истовремено истакна дека многу граѓани на Авганистан ја напуштаат својата татковина и оти се надева дека тоа нема да се претвори во „повеќемилионски егзодус“.

Талибанското движење, кое всушност стана една земја, формираше своја влада, која ја презеде одговорноста за иднината на Авганистан. Ова е привремена влада и, како што велат самите талибанци, таа навистина не може да се нарече репрезентативна. Сепак, се чини дека е неопходно да се работи со талибанците – изјави Путин.

Во однос на прашањето на признавањето на талибанската власт во Авганистан, Путин се согласи дека е неопходно да се координира позицијата за тоа прашање.

Според него, оптимално би било да се поттикне дијалог „преку механизмот на проширената тројка за Авганистан“, нешто за што тој посочи дека е веќе во тек“.

Путин изрази и уверување дека ОДКБ и СЦО се заинтересирани „да им помогнат на Авганистанците конечно да постигнат мир и стабилност“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.