Рускиот претседател Владимир Путин денеска увери дека руската вакцина „Спутник “ покажала многу високо ниво на ефикасност против новиот сој на коронавирус, омикрон.
Зборував со директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја. Тие го водеа истражувањето, а вакцината „Спутник“ неутрализира новиот сој на омикрон, рече Путин на неформалниот самит на лидерите на Заедницата на независни држави.
Путин изјави дека Гинцбург разговарал со него „буквално пред два дена“ и дека биле спроведени студии, но дека „сега се чекаат клинички истражувања за да се утврди степенот до кој Спутник се спротивставува на вирусот“.
Тој рече дека она што го направија во центарот ни дава уверување дека вакцината во голема мера ќе го неутрализира омикрон, заклучи рускиот претседател.
Путин рече дека „Спутник“ обезбедува околу 90 проценти заштита.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.