Рускиот претседател Владимир Путин денеска на традиционалната годишна прес-конференција изјави дека се надева оти Русија ќе вакцинира доволно луѓе за да постигне колективен имунитет на Ковид-19 следната година.
Од тие причини Путин ги повика граѓаните да се вакцинираат во што поголем број.
Колку што знам, 59,4 отсто од граѓаните во Русија се вакцинирани или прележано. Тоа не е доволно. Ни треба колективен имунитет од 80 проценти. Се надевам дека следната година ќе го достигнеме тоа ниво – истакна Путин.
Рускиот претседател рече дека борбата против коронавирусот продолжува и дека е свесен за опасноста од ширење на сојот Омикрон. Тој додаде дека руската економија се покажала поподготвена за шоковите и предизвиците што ги носи пандемијата на коронавирусот од другите држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.