Рускиот претседател Владимир Путин, најави дека неговата земја за неколку дена ќе ги изработи своите предлози за безбедносните прашања, а потоа ќе им ги предаде на САД.
Путин во видео разговорот со американскиот претседател Џо Бајден, во вторникот, соопшти дека разгледале неколку безбедносни прашања.
Тоа е тема за друг разговор. Се договоривме да ја продолжиме оваа дискусија и дека тоа ќе го направиме на содржаен начин, дека во иднина ќе ги размениме нашите размислувања за тоа прашање – изјави Путин на прес-конференција.
Рускиот претседател прецизираше дека неговата земја во рок од само неколку дена ќе ги подготви своите предлози, а за една недела ќе ги достави на разгледување до американската страна.
Се договоривме дека ќе се формира соодветно тело кое професионално ќе се занимава со ова прашање – изјави рускиот претседател.
Претходно во текот на денот, Путин оцени дека проширувањето на НАТО кон исток, кое ја вклучува Украина во Алијансата, е многу чувствително прашање за руската безбедност.
Рускиот и американскиот претседател во вторникот ја имаа втората средба, овој пат во вид на двочасовен видео разговор, на кој станало збор за Украина и другите спорови во американско-руските односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.