Рускиот претседател Владимир Путин негираше дека Москва го спречува извозот на украинско жито.
Што се однесува до извозот на украинското жито, ние не се мешаме во тоа. А има неколку начини за извоз на жито – порача Путин.
Според него, првиот начин е извоз преку пристаништата кои се под контрола на Украина, пред сè пристаништата во црноморскиот басен, Одеса и блиските пристаништа.
Ние не ги миниравме приодите кон пристаништата. Украина ги минира – изјави Путин
Рускиот претседател го спомена и извозот на жито преку Белорусија како една од извозните можности, нешто што, како што вели Путин, никој не ја спречува Украина да го напарави.
Но, за тоа мора да се укинат санкциите против Белорусија – изјави рускиот претседател.
Според Путин, „кратковидата политика на европските земји довела до криза во енергетскиот сектор“.
Тој истакна дека целокупната ситуација на Запад довела до недоволно инвестирање во енергетскиот сектор, како и дека цените се зголемени.
Исто така гледаме и обиди да се префрли врз Русија одговорноста за она што се случува на пазарот на храна, но овде се работи за замена на тезите – порача Путин.
Според него, санкциите против Москва се „кратковида, глупава и погрешна политика која води во ќорсокак“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.