Рускиот претседател Владимир Путин во денешното телевизиско обраќање изјави дека Русија ја чека „нова и болна фаза на пандемијата”.
Релативно се стабилизираше дневниот пораст на нови случаи, но тоа не треба да нè смири, ситуацијата е сè уште многу сериозна – рече Путин.
Сè уште не сме стигнале до врвот. Наскоро нè чека нова и болна фаза на пандемијата. Смртоносниот вирус ни е сè уште закана – додаде тој.
Путин рече дека Русија ќе ги продолжи мерките за ограничување до 11 мај. По тој датум, земјата би можела да започне постепено да ги ублажува ограничувањата, пишува Си-ен-ен.
Треба да се подготвиме за тешкиот пат пред нас – рече Путин.
Треба да водиме сметка за сите ризици и да бидеме разумни за да не го изгубиме целиот напредок што го постигнавме досега – истакна тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.