Рускиот претседател Владимир Путин синоќа соопшти дека примил трета доза од вакцината против ковид-19.

Путин претходно прими две дози „Спутник В“, а овојпат прими Спутник Лајт, што се дава во една доза.

Иако земјата има неколку вакцини од домашно производство, само 36,7 отсто од населението на Русија е целосно вакцинирано, според специјализираната веб-страница Гогов. Путин, кој се противи на задолжителната вакцинација, сепак ја поддржа таквата мерка во некои делови од земјата и за некои групи граѓани. Во јуни Москва воведе обврска за вакцинација во услужниот сектор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.