Претседателот Владимир Путин денеска ја укина забраната на Русија за чартер летови кон Египет, шест години откако ги забрани поради национална безбедност, како резултат на авионска несреќа. Летовите биле запрени откако авион на Метроџет што ги враќал руските туристи од Шарм ел Шеик кон Санкт Петербург, падна на Синајскиот полуостров во октомври 2015 година, при што загинаа 224 лица.

Русија заклучила дека авионот бил уништен од бомба. Одговорноста ја презеде група поврзана со милитанти на Исламската држава.

Указот на Путин за укинување на забраната ќе биде корисно за египетските туристички работници во летувалиштата во Шарм ал-Шеик и Хургада во текот на целата година, кои привлекуваа голем број Руси во минатото.

Египет подоцна во текот на денот ја поздрави одлуката со соопштение на Министерството за надворешни работи во кое се вели дека се радуваат на брзото враќање на руските туристи.

Русија и Египет се согласиле да ги продолжат сите летови во април во разговорот меѓу Путин и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, соопштило тогаш египетското претседателство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.