Рускиот претседател, Владимир Путин, од Крим, каде што беше по повод Денот на националното единство, изјави дека областа секогаш ќе биде дел од Русија.
Крим се припои кон Русија по референдумот во 2014 година, а западните земји го сметаат тој потег за нелегитимен.
Нашата земја го врати своето историско единство. Оваа жива и нераскинлива врска особено се чувствува, се разбира, овде во Севастопол на Крим. Тие се сега засекогаш со Русија, тоа е суверена, слободна и непоколеблива волја на народот, на целиот наш народ – изјави Путин.
Денот на националното единство е основан во спомен на 1612 година кога биле протерани полско-литванските сили кои ја окупирале Москва. Се слави од 2005 година, наместо празникот посветен на болшевичката револуција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.