Претседателот на Русија Владимир Путин може некои работи да ги прокоментира така што на човек му „замрзнува крвта во вените“, рече портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков во интервју за весникот „Аргументи и факти”.
Во текот на интервјуто новинарот потсети дека на последната седница на Советот за култура дошло до дискусија за тоа дали е дозволиво да се користат пцости во јавниот медиумски простор. Путин тогаш на шега предложи на самиот состанок да почнат да пцујат. Новинарот го интересираше дали претседател барем приватно некогаш пцуе.
Песков изјави дека на тоа прашање нема да одговори.
Можам само да кажам дека, како и секој нормален маж тој, се разбира, може да го изрази својот негативен однос спрема некој човек или процес. И тоа така што ќе ви замрзне крвта во вените, додаде Песков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.