Претседателот на Русија, Владимир Путин во неделата посочи дека евентуално ќе се кандидира за нов претседателски мандат за лидер на земјата, доколку биде усвоен ваков уставен амандман.
Досега немам донесено никаква одлука. Не ја исклучувам можноста да се кандидирам на избори доколку ова се појави во уставот. Ќе видиме, рече Путин на телевизискиот канал „Русија 1.
Коментирајќи го потенцијалниот наследник, Путин инсистира на тоа дека официјалните претставници на земјата треба главно да се фокусираат на нивната работа.
Ако одобрувањето на уставниот амандман не се случи, тогаш за некои две години, ова го знам од моето лично искуство, наместо вообичаен ритам на работа на сите нивоа на моќ, сите ќе започнат да бараат потенцијални наследници, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.