Претседателот на Русија, Владимир Путин објави вест дека земјата постепено излегува од мерките на ограничување, воведени поради епидемијата на корона вирусот, и покрај тоа што има повеќе од 200.000 заболени и што тој број од ден во ден расте.
Путин во обраќањето кажа дека неработните денови поради епидемијата се завршуваат на 12 мај, но дека шефовите на регионите имаат право за режимот на карантин да одлучуваат самостојно, во зависност од епидемиолошката ситуација.
Сите мораат строго да ги почитуваат санитарните проиписи, што се однесува до претпријатијата од сферата на услугите и трговијата- рекол Путин.
Навел дека Русија го зголемила бројот на тестирања и дека до средината на мај ќе стигнат до бројката од 300 илјади дневно, додавајќи дека благодарение на претходно превземените мерки сочувани се илјадници животи.
За лицата постари од 65 години и оние со хорнични болести, режимот на ограничување ќе биде задржан, а масовните собирања и понатаму остануваат забранети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.