Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека Русија се согласила да понуди безбедносна помош во случај на надворешни воени закани кон земјата.

Лукашенко изрази загриженост во врска со воените вежби на НАТО во Полска и Литванија.

Информацијата е во денови кога контроверзниот претседател се соочува со масовни протести околу спорните резултати од изборите на 9 август.

Голем број луѓе се собраа пред државната телевизија барајќи таа целосно да ги следи протестите.

Протестите треба да продолжат денеска. „Парада на слободата“ е предвидено да се одржи во центарот на градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.