Рускиот претседател Владимир Путин му испрати честитка за Нова Година на американскиот претседател Доналд Трамп, во кој повторно го повика во мај следната година да присуствува на 75-годишнината од победата на Советскиот сојуз во Втората светска војна, соопшти Кремљ.

Во честитката на Путин се истакнува дека Русија и САД имаат историска одговорност да осигураат безбедност и стабилност во светот, како и оти Москва заговара нормализација на билатералните односи и воспоставување на на рамноправен дијалог заснован на меѓусебно почитување на интересите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.