Министерствата за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан потврдија дека шефовите на нивните дипломатии ќе отпатуваат во Москва на разговори за смирување на конфликтот во Нагорно-Карабах.
Како што соопшти руското Министерство за надворешни работи, рускиот претседател Владимир Путин ги повикал двете делегации на преговори за решавање на конфликтот во спорниот регион.
Баку и Ереван потврдија дека ќе учествуваат во преговорите во Москва. Подготовките се во тек – изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
Азербејџан на разговорите ќе гоиспрати министерот за надворешни работи Џејхун Бајрамов, а Ерменија нејзиниот шеф на дипломатијата Зораб Мнацаканијан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.