На состанокот со лидерите на земјите од Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), рускиот претседател Владимир Путин ја повика Светската здравствена организација да ја забрза масовната вакцинација против Ковид-19.

Со наша помош, Светската здравствена организација би можела да биде уште поактивна во масовната имунизација на населението, бидејќи, за жал, многу земји сè уште немаат пристап до вакцини против коронавирусот – истакна Путин.

Претседателот на Русија го повтори својот предлог за взаемно признавање на вакцините и сертификатите за имунизација.

Неодамна, на самитот на Г-20, Русија им предложи на своите партнери во најкраток рок да го решат прашањето за взаемно признавање на националните вакцини и сертификати. Убеден сум дека колку побрзо тоа се случи, толку полесно ќе биде целосно да се ревитализира глобалниот туризам и бизнис – додаде Путин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.