Германската канцеларка Ангела Меркел ќе допатува во Москва в сабота за да разговара за американско-иранската криза со рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска портпаролот на германската влада Штефан Зајберт.

Меркел и Путин ќе разговараат и за други „актуелни теми“, вклучувајќи ги Сирија, Либија, Ирак и Украина, додаде Зајберт.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, исто така, ќе патува во Москва со канцеларката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.