Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша законот со кој се суспендира Договорот за нуклеарни ракети со среден дострел со САД  од врамено на Студената војна.

-Да се укине Договорот меѓу СССР и САД за ликвидација на ракети од среден и краток дострел, потпишан во Вашингтон на 8 декември во 1987 година, се наведува во Официјалниот документ објавен на официјалната интернет страница за правни информации на Русија.

Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на годината соопшти дека Ваѓингтон на 2 февруари започнува процедура за повлекување од овој сојуз и ја обвини Русија за нарушување  НА инф, ШТО Москва веднаш го демантира.

Инаку, Договорот за ракети од среден и краток дострел е потпишан на 8 декември во1987 година за време на посетата на тогашниот советски лидер Михаил Горбачов на Вашингтон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.