Рускиот претседател Владимир Путин ги повика Русите да се вакцинираат против коронавирусот. Според него, кој неодамна и самиот се вакцинира против ковид-19, имунизацијата против инфекцијата е неопходна.
Неговата изјава беше дадена по заклучокот дека националната кампања за вакцинација се одвива слабо. Речиси четири месеци по пуштањето во употреба на руската вакцина „Спутник V“, само четири милиони Руси примија две дози на вакцината, а два милиона примија една доза. Досега се вакцинирани само четири проценти од Русите, многу помалку од оние во држави како што се САД и Велика Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.