Претседателот на Русија, Владимир Путин, и порача на германската канцеларка, Ангела Меркел, дека какво било странско мешање во текот на протестите во Белорусија ќе биде „неприфатливо“, пренесе Кремљ во вторникот.

Страните темелно разговараа за ситуацијата во Белорусија по претседателските избори, изјави руското претседателство. Русија истакна дека странските обиди за мешање во внатрешните работи на земјата се неприфатливи и можат дополнително да ги ескалираат тензиите, се додава во соопштението.

Во меѓувреме, портпаролот на Меркел, Штефен Сијберт, изјави дека канцеларката инсистирала за време на телефонскиот разговор со Путин дека белоруската влада „мора да се воздржи од употреба на сила против демонстрантите“.

Претходно, белорускиот претседател Александар Лукашенко тврдеше дека протестите во земјата се „исценирани“ и вклучуваат елементи на странско мешање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.