Kандидатот на Демократската партија на претседателските избори во САД, ЏоБајден, не прогласи победа на изборите, но покажа високо ниво на самодоверба со пуштање во употреба на неговата нова интернет-страница за „транзиција кон Бајден-Херис“, објави британски „Гардијан“.
Граѓаните на Америка ќе одлучат кој ќе биде следниот претседател на САД. Гласовите се уште се бројат во неколку сојузни држави.
Кризите што ја погодуваат земјата се сериозни, од пандемијата до економска рецесија, климатски промени, до расизам, и преодниот тим ќе продолжи да се подготвува во полн ек, така што администрацијата на Бајден-Херис може да биде подготвена уште од првиот ден – е напишано на новата интернет страница на Бајден.

Гласовите се уште се бројат на претседателските избори во САД, но Бајден има голема предност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.