Тројца убиени и девет повредени во пукање, што се слушило синоќа на забава за Ноќта на вештерките, во куќа на Лонг бич во Лос Анџелес, објави Си-би-ес.

Полицијата соопшти дека две лица со качулки на главите пукале на забавата. Се наведува дека осомничените се уште не се фатени.

Противпожарната единица на Лонг бич соопштила дека биле повикани да интервенираат синоќа нешто пред 23 часот, по локално време, и дека пожарникарите затекнале „хаотична сцена“.

Тие во куќата пронашле тројца мртви мажи и уште деветмина повредени, кои се пренесени во болница. Нивната состојба засега не е позната.

Соседите рекле дека слушнале пукање, а по десетина минути и полициски сирени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.