Еден ученик е повреден во престрелка во средно училиште во американската држава Северна Каролина. Гимназијата Маунт Табор во Винстон-Салем, беше затворена по пукањето. Учениците се евакуирани на безбедна локација, изјави портпаролката на канцеларијата на шерифот во округот Форсит.
Таа рече дека полицијата активно трага по осомничениот, но без да даде дополнителни детали.
Полицијата ги блокираше патиштата кон училиштето, во кое учат повеќе од 1.500 ученици.
Бројни амбулантни возила се наоѓаат околу комплексот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.