Еден полицаец е убиен, а еден е сериозно повреден при пукање во главниот град на американската сојузна држава Луизијана, Батон Руж, соопштија денеска властите, додавајќи дека осомничениот бил уапсен по неколкучасовна размена на оган.
Началникот на полицијата Марфи Пол изјави дека двајца полицајци биле погодени во размена на оган во станбена населба во градот и едниот подлегнал на повреди, додека другиот се бори за живот, пренесува АП.
Тој додаде дека осомничениот Рони Като (36) е уапсен по пресметката која траела околу четири часа и за време на која бил забарикадиран во куќа.
Пол објасни дека Като пукал во специјалната полициска единица која дошла откако во областа било пријавено пукање од огнено оружје и дека полицијата вратила на огнот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.