Австриските медиуми јавуваат дека околу 13.30 часот дошло до пукање пред ресторан во центарото на Виена и дека едно лице загинало, а едно е повредено. Во Бакерштрасе, според медиумите, биле испукани пет куршуми. Едно лице загинало на самото место, а друго се бори за живот. Двајцата добиле куршум во глава. Полицијата вели дека не се работи за терористички напад, а се сомнева дека убоецот, Србин, член на друга мафијашка група, е во бегство.

Иако се појавиле информации дека е уапсено лице осомничено за пукањето, портпаролот на полицијата Даниел Фурст одрекува. Вели дека полицијата само запрела неколку лица, но тие се пуштени на слобода.

Блиц објави дека е убиен Вадимир Рогановиќ, член на озлогласениот Кавачки клан, а ранет е уште еден член на истиот клан, 22-годишниот Стефан Вилиотијевиќ од Никшиќ.

Убиен Вадимир Рогановиќ, член на озлогласениот Кавачки клан


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.