Еден човек е убиен, а 14 се повредени откако лице од автомобил отворило оган во американскиот град Бејтаун, држава Тексас.

Тројца од ранетите се во критична состојба, а останатите се здобиле со повреди вон животна опасност, се вели во соопштението на полицијата.

Причините за пукањето се истражуваат.

Портпаролот на полицијата изјави за ТВ каналот Еј-Би-Си дека непознат маж отворил оган врз група луѓе кои присуствувале на комеморација, во чест на споменот на млад човек убиен дома пред неколку недели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.