Поранешниот премиер на Каталонија, Карлес Пуџдемон изјави денеска дека очекува оти Врховниот суд во Мадрид идната недела ќе им изрече затворски казни до 15 години на дваесет функционери, меѓу кои и некои членови на владата со која тој претседавал.

Би сакал да ги ослободат, не само за повторно да бидат со нас, туку и поради Шпанија. Би било тоа добра вест за Шпанија, за нејзината репутација на правна држава, за демократијата, за панија како држава која не суди таму каде што нема злочин и на чиешто правосудство може да му се верува – изјави Пуџдемон кој се наоѓа во егзил во Белгија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.