Во Габон војската соопшти дека извршила државен удар, а на улицата во престолнината Либривил, се наоѓаат тенкови и други вооружени возила.

Во програмата на државната телевизија Габон, се појавија војници и соопштија дека е извршен државен удар, како, како што тврдат, би се вратила демократијата.

Во програмата се појавил војник кој прочитал соопштение во кое се наведува дека војската ја превзела контролата над владата, пренесува АП.

Жителите на престолнината изјавиле дека на улиците се наоѓаат тенкови и вооружени возила.

Претседателот на Габон, Али Бонго, кој на таа позиција се наоѓа од 2009 година, се наоѓа надвор од земјата од октомври, а се сомневаат дека доживеал мозочен удар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.