Во Европа за првпат се регистрирани над 100.000 новозаразени со Ковид-19 за 24 часа. Голем причина за ваквато зголемување на нови случаи на позитивни е тоа што бројот на заразени во држави како Русија и Велика Британија не престанува да се зголемува во последните пет дена.
Светската здравствена организација соопшти дека повторно е забележано рекордно еднодневно зголемување на глобалните случаи на корона вирус, односно дека во последните 24 часа во светот има 350.766 нови случаи. Во моментов во Европа има повеќе од 16 отсто од инфекциите на светско ниво и речиси 22 отсто од смртните случаи низ целиот свет.
Во изминатите 24 часа, во кои новозаразените ја надминаа границата од 100.000, Источна Европа беше најпогодениот регион со повеќе од 33.600 новоинфицирани.
Во Западна Европа, пак, Франција забележа рекордни 20.339 инфекции во последните 24 часа, поради што болниците влегоа во режим на итни случаи, а најголемите градови во земјата затворија установи за да се ограничи понатамошното ширење на вирусот.
Епицентарот на инфекцијата во европскиот регион се пресели во Велика Британија, Русија, Шпанија и Франција, кои регистрираа по најмалку 10.000 заразени во секој од последните три дена.
Русија денеска соопшти за најголем број на заразени лица во текот на еден ден од почетокот на епидемијата. Претходниот рекорд беше во мај, што ги натера властите во Москва да размислат за затворање барови и ноќни клубови.
Белгија воведе и построги контроли врз собирите, затоа што земјата бележи зголемување на нови инфекции. Новите случаи на корона вирус се зголемија повеќе од 2,6 пати од почетокот на октомври. Ковид-19 однесе повеќе од 10.000 животи во државата, во која живеат 11 милиони жители.
Во Европа, бројот на заразени за 24 часа во просек е околу 78.000 од почетокот на октомври, во споредба со просечно 47.500 новоинфицирани во септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.