Приоритетот за вакцинирање против коронавирус треба да се одреди според бројот на контактите кои ги има една личност, бидејќи тоа ќе има многу поголем ефект врз пандемијата, вели германскиот имунолог Мајкл Мејер-Херман од Центарот за истражување на инфекции во Хелмхолц.

Според имунологот, вакцинирањето прво на старите лица, како што беше направено досега во Германија и во повеќето земји, значително ја намали стапката на смртност, но бидејќи оваа група на луѓе има најмалку контакти, нема поголем ефект врз пандемијата.

Мејер-Херман исто така ги критикуваше плановите за постепено ублажување на ограничувањата и го посочи ширењето на британската варијанта на коронавирусот.

Тој очекува да експлодира бројот на случаи и се осврна на ситуацијата во Ирска, Велика Британија, Португалија и Чешка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.