Американскиот претседател Доналд Трамп првпат по напуштањето на болницата каде што беше сместен поради заразата со корона вирус, имаше обраќање пред јавноста.
Се чувствувам одлично – изјави Трамп од терасата во Белата куќа.
Трамп, кој се појави со маска, што ја отстрани од лицето за време на говорот, се обрати за време на настанот „Мирен протест за работа и ред“, на кој присуствуваа неколку стотици луѓе кои стоеја на тревникот под терасата.
За време на својот 16-минутен говор, Трамп, меѓу другото, најави дека вакцината против Ковид-19 ќе биде развиена многу брзо.
Лекарот на американскиот претседател, д-р Шон Конли, изјави дека Трамп имал негативен тест на корона вирус, што значи дека не постои ризик тој да биде носител на инфекцијата.
По повлекувањето од изборната кампања поради Ковид-19, Трамп сега планира да ја продолжи изборната кампања.
Американскиот претседателот утре ќе отпатува за Флорида, една од клучните држави за победа на претседателските избори, во вторник ќе биде во Пенсилванија, а во среда во Ајова, каде што ќе одржи говори пред неговите приврзаници.
Во своето обраќање од балконот на Белата куќа, Трамп ги обвини демократите дека имаат намера да водат „социјалистичка“, па дури и „комунистичка политика“ во Америка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.