Две лица кои починале во Калифорнија на почетокот и средината на февруари се првите жртви на Ковид-19 во САД, неколку недели пред да биде регистрирана првата официјална жртва, соопштија денеска од округот Санта Клара.

Обдукцијата на две лица кои починале на 6 и 17 февруари открила дека нивната смрт е предизвикана од сериозна болест на белите дробови, Ковид-19.

Наодите на округот биле потврдени и од Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Досега првата жртва службено беше во државата Вашингтон на 26 март.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.