Првиот снег кој падна за време на ноќта, предизвикал утринава хаос и затворање на автопатот кој води низ преминот Бренер на западот од Австрија.

Иако од 1 ноември е задолжителна обврската за носење зимски гуми во случај на снег и лед, многу возачи и натаму користат летни гуми. Ова довело до лизгање и блокирање на европската сообраќајница која ги поврзува Германија и Италија.

Поради многубројните автомобили кои не можеле да продолжат со движење, оневозможени за поминување биле и возилата за чистење на снегот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.