Според првичните резултати од вонредните парламентарни избори одржани денеска во Шпанија, Социјалистичката работничка партија на премиерот Педро Санчез доби најмногу гласови, поточно 120 пратенички места. Но, за составување на Влада се потребни 176 места.

Ова значи дека многу е неизвесно формирање на стабилна влада и дека Шпанија е можно повторно да оди на уште едни предвремени избори за 3-4 месеци.

Според овие резултати конзервативците добија 88 пратенички места, десните популисти 52, левите популисти 35, каталонските партии 13 + 8, а либералите 10 пратеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.