Во фабриката за ракетна и вселенска опрема „Красмаш“ во рускиот град Краснојарск, каде се произведуваат балистички ракети, е изгаснат пожарот, соопшти прес службата на руското Министерство за вонредни ситуации.
Пожарот е целосно изгаснат, соопштија од тоа министерство.
Пожарот избил во складиште што го изнајмувала фирма за производство на фрижидери и зафатил околу 24.000 м/квадратни. Во пожарот нема жртви и не е зафатен делот каде се прават интерконтиненталните балистички ракети „Сармат“ и балистички ракети што се лансираат од подморници „Синева“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.