Во САД е потврден првиот смртен случај од новиот коронавирус.

Властите во државата Вашингтон потврдија дека едно лице починало од Ковид-19, но без да соопштат други детали, освен дека пациентот бил од област во близина на Сиетл.  Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Со денешните четири нови случаи на зараза, во САД вкупно 19 лица се инфицирани од Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.