Во Тајланд од коронавирусот почина судско-медицински вештак, кој бил заразен од починато лице. Ова е прв ваков случај кој е официјално потврден.
Здравствените организации ги повикале судско-медицинските вештаци и патолози да ги почитуваат мерките на претпазливост, бидејќи се уште нема потполни информации за начините на ширење на коронавирусот.
Се истакнува дека дезинфекцијата, која се спроведува во операциските сали, може да се изврши и на патолошките одделенија.
Според мислењето на експертите, веројатноста вештакот да се заразил со жив преносител на вирусот е мала, бидејќи бил во постојан контакт со мртви. Не постојат точни податоци за бројот на лешови заразени со коронавирусот, бидејќи на нив не им се прават редовни прегледи.
Според податоците на СЗО, белите дробови на лице починато од пневмонија, која е предизвикана од новиот вид на коронавирусот – можат да претставуваат опасност ако со нив не се постапува правилно за време на обдукцијата.
Исто така се тврди дека вирусите по смртта на лицето не живеат уште долго.
Во Тајланд според последните податоци, 2.613 луѓе се заразени со коронавирусот, а има 41 смртен случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.