Нов Зеланд го пријави својот прв случај на Covid-19 во заедница во речиси половина година, соопштија здравствените властио во вторникот, а премиерката Џакинда Ардерн поради овој случај најави ново затворање на земјата.
Новозеландското министерство за здравство соопшти дека случајот е пријавен во Окленд, како и дека сѐ уште не е познато дали е поврзан со доаѓање од странство.
Затворањето ќе трае седум дена во Окленд, но три дена во остатокот од земјата. Премиерката Ардерн рече дека властите претпоставуваат дека новиот случај е појава на делта варијантата на коронавирусот, иако тоа сѐ уште не е потврдено.
Последниот случај на коронавирус во Нов Зеланд беше пријавен на 28-ми февраури. Оттогаш сите случаи на заразата во земјата забележани се при патувања на граничните премини.
Цврст и ран одговор е најдобрата алатка за сузбивање на секакво потенцијално ширење и ги молиме сите на Нов Зеланд да останат спокојни, да бидат љубезни и да го одработат својот дел додека не собереме повеќе информации за потенцијалниот случај, се наведува во соопштението на министерството за здравство.
Нов Зеланд, кој има популација од пет милиони луѓе, забележа во пандмијата 2.570 случаи на коронаинфекции и 26 смртни случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.