Две полициски службенички се повредени за време на повеќедневните протести и судири во Чиле. Снимката од полицајките во пламен стана вирална на социјалните мрежи.

Демонстрантите фрлајќи Молотови коктели ја запалиле едната полицајка. На снимката се гледа агонијата на повредената жена додека колегите се обидуваат да ѝ помогнат гасејќи го оганот со противпожарен апарат и раце.

Инцидентот се случил во близина на метро-станицата Баквиедано, а полицијата со демонстрантите се пресметувала со солзавец и водени топови.

Повредените полицајки се на возраст од 20 и 25 години и двете се припаднички на специјалната полиција во градот Сантјаго. Нив во болница ги посети министерот за внатрешни работи Гонзало Блумел, осудувајќи го нападот.

Ова е чисто насилство кое нема врска со легитимните барања на демонстрантите. Беше тоа кукавички чин и агресија насочена кон полицајките кои работеа на обезбедување на мирот на своите сограѓани, кажа тој.

Новинарите кои биле на местото на настанот известија дека полицијата, откако ги видела запалените колешки, ги интензивирала своите активности. Почнале да пукаат во демонстрантите со гумени куршуми и засилено да употребуваат солзавец.

Во двоенеделните судири на демонстрантите (кои на улиците излегоа поради зголемувањето на цената на јавниот превоз) со полицијата досега се повредени над 800 полицајци и околу 1.600 демонстранти.

Внимавајте, видеото може да биде со вознемирувачка содржина!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.