Франција изгуби 2,5 милијарди евра поради протестите на „Жолтите елеци“, кои почнаа пред една година, објави француската радиостаница РТЛ повикувајќи се на информации од владата.

Според РТЛ, 5.000 мали претпријатија и трговски компании, кои страдале од дејствувањето на демонстрантите, побарале помош од владата во текот на изминатата година. Поточно, тие побараа одложување на социјалните такси и други даноци во вредност од 460 милиони евра.

Во истиот период осигурителните компании им платиле 230 милиони евра обесштетување на 13.000 „ограбени“ претпријатија.

Бранот протести на „Жолтите елеци“ почна во Франција на 17 ноември 2018 година. Протестите првично беа активирани од планот на владата за зголемување на даноците на горивото. И покрај тоа што владата го напушти планот и воведе серија мерки за подобрување на социоекономската состојба, демонстрантите продолжуваат да излегуваат на улиците на Франција бидејќи сè уште имаат барања до владата. Митинзите честопати доведуваат до оштетување и насилни судири меѓу полицијата и активистите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.