Масовен бојкот на наставата е најавен денеска во средните училишта во Хонгконг во знак на поддршка на 18-годишниот ученик кој во текот на вчерашниот ден беше застрелан со небоева муниција.

Тоа воедно беше и првиот пат некој од демонстрантите во Хонгконг да биде застрелан од таков вид на муниција откако започнаа протестите пред неколку месеци.

Од полицијата соопштија дека полицаецот пукал затоа што бил сериозно загрозен и постапил во склад со правилникот. Демонстрантите во изминатите неколку седмици ги интензивираа протестите кои се претворија и во насилни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.