Фармерите денеска го блокираа целиот сообраќај во Холандија , зашто илјадници излегоа на протест и предизвикаа најголем сообраќаен колапс во историјата на земјата.

Протестот почна во утринските часови додека вработените патуваа на работа и се создадоа колони низ целата земја, долги 1.136 километри, незабележани до сега.

Земјоделците протестираа затоа што се лути поради тврдењата дека во најголем дел се одговорни за загадување на животната средина и за зголемување на емисијата на атмосферски азот.

Пред протестот излезе извештај со такви тврдења, во кој исто така се повикуваат на затворање на неефикасни фарми за добиток.

Затоа, земјоделците сметаат дека тие не се виновници, на пример, додека никој не ја прозива авио-индустријата.

Земјоделците утрово излегоа на улиците со своите трактори, некои од нив на и кинеа огради, што доведе до апсење на три лица.

Илјадници од нив, претежно на трактори, учествуваа на протестот во Хаг, кој ќе се одвива и вечерва со големи блокади во градот од илјадниците трактори.

Според полицијата, само на утринскиот протест имало околу 2.200 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.