Бугарското МНР упати протестна нота до официјален Париз за изјавата на Макрон дадена за списанието “Валор актуел” дека претпочитал легални мигранти од Африка отколку нелегалните украински или бугарски банди.
Бгњуз пренесува дека вицепремиерката и министерка за надворешни рабти Екатерина Захариева му наредила на бугарскиот амбасадот во Париз да испрати протестна нота во француското министерство за надворешни работи, а повикан е и францускиот амбасадот во Бугаријав понеделник да даде објаснување на изјавата на Макрон.
Интервјуто на Макторн предзвика остра реакција во Франција, пишува бугарскиот портал пренесувајќи ја реакцијата на неделникот „Обсерватер“ дека „првпат претседател на Франција дава интервју за крајнодесен медиум“.
И Министерството за надворешни работи на Украина, исто така, го повикало францускиот амбасадор да даде објаснување за изјавата на Макрон, односно за „украинските банди“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.