Жителите на јужнопацифичките острови Самоа и Кирибати први на светот влегоа во 2019 година, во 11 часот по средноевропско време.

Самоа, острови со околу 180.000 жители пред неколку години поради економски причини ја промени страната на датунската граница, па од источната премина на западната страна на датумската граница, па затоа во новата година сега влегува прва, а не последна како порано. Жителите на Кирибати, односно на Божикниот острав отсекогаш во новата година влегуваат први.

Еден час по нив во новата година влегува источна Австралија, кога ќе започне и славниот огномет во Сиднеј.

 

Во 16 часот новата година ќе ја дочекаат Јапонците и Корејците, а еден час подоцна и Кинезите.

Новата година во Индонезија и Тајланд пристигнува во 18 чаост, а во 19 во Бангладеж, а во 20 во Пакистан. Откако ќе ја пречекаат жителите на Обединетите Арапски Емирати, тргнува кон источна Европа, каде што ќе пристигне во 23 часот по наѓе време. По нас, во 1 часото по полноќ во новата година ќе влезат Британците, а околу 5 часот наутро ќе слават Канаѓаните.

2018 година последни ќе ја нашуштат жителите на Американска Самоа, цел ден по Самоа, иако ги делат само 80 километри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.