Стотици илјади туристи останаа заглавени во странски држави, или со откажани аранжмани, по банкротот на најстарата патничка агенција во светот Томас Кук.
Нивните хотели и летови останаа не платени, откако компанијата не успеа да го обезбеди потребниот заем од над 250 милиони долари. Директорот на Томас Кук вели дека жали за целата ситуација и најави соработка со британските власти во превозот на туристите до нивните домови.
Најпрво сакам да се извинам на моите 21 илјада колеги, кои знам дека се со скршено срце. Сите вие се боревте многу храбро за успехот на Томас Кук. Второ би сакал да се извинам на сите наши клиенти, на тие што се на одмори сега со нас и тие што имаа резервации во идните месеци, вели Франкхаузер Директор на Томас Кук.
Во странство во моментот се над 600.000 лица од кои 150.000 се Британци. Нивните хотели и аранжмани не се платени, и оставено е на матичните држави да го обезбедат нивниот превоз дома. Британската влада веќе најави такво нешто, а претставници на тамошната агенција за цивилно воздухопловство, велат дека се соочуваат со најголема криза по втората светска војна.
Агенцијата за цивилно воздухопловство лансира кампања за враќање дома, најголема по втората светска војна и ќе ги вратиме сите дома во Обединетото кралство, најбрзо што може, вели Тим Џонсон – претставник на агенција за цивилно воздухопловство.
Патниците кои останаа без посакуваните аранжмани велат дека се гневни, некои од нив во очај дека велат дека штеделе и по цела година за одморот од соништата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.