Финската влада ги објави првите резултати од двегодишниот експеримент со загарантирана плата за невработените, што заврши пред еден месец, а кој, спротивно на очекувањата, покажа дека не ги мотивира корисниците да се вработат и на тој начин да заработат повеќе.

За време на овој пробен период, 2 000 Финци станаа првите Европејци кои добиваа загарантиран личен приход, секој месец примајќи чек од државата, без оглед на тоа дали пронашле работа или седеле дома, објави агенцијата „Ројтерс“.

Со овој експеримент Финска тестираше една од алтернативите за обновување на моделот на социјална заштита, што е крупен проблем кој се очекува да се реши по парламентарните избори во април.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.