Обезглавеното тело на 20-годишниот Али Фазели Монфаред беше пронајдено од страна на неговата мајка. Младото момче беше убиено според кодот „убиство од чест“ од страна на неговите роднини откако дознале дека е хомосексуалец, објавија ЛГБТИ групите во Иран и Турција.
Сè започнало кога тој поднел барање за изземање од задолжителната воена служба, планирајќи да ја напушти земјата и да се пресели во Турција за да живее со неговиот близок пријател Агил Бајат. Иако „хомосексуалното однесување“ е кривично дело во Иран, воениот закон дозволува хомосексуалците и трансродовите лица да бидат изземени од воена служба затоа што се „ментално болни“.
Потврдата за изземањето пристигнала на неговата е-пошта, а еден член на неговото семејство случајно ја видел и така открил дека Фазели бил хомосексуалец.
Со помош на неговата приказна, сакаме да ѝ укажеме на Владата на Иран дека мора да го отстрани овој пасус од законот за ослободување од воена служба токму поради оваа „потврда за изземање“, изјавила Шади Амин, извршна директорка на организацијата „6Rangе“ за „NBC News“.
ЛГБТИ организацијата известува дека истиот роднина претходно му зборувал на таткото на Али дека „тој го срами семејството со начинот на облекување“, по што семејството му се заканило дека ќе го погуби. Кога веќе потврдиле дека е хомосексуалец, група роднини го одведоа Фазели во едно село во близина на Ахваз на 4 мај и го убија. Убијците потоа ја повикале мајката на Фазели и ѝ кажале каде може да го најде обезглавениот труп на нејзиниот единствен син.
Полицијата извести дека се уапсени тројца мажи, но од организацијата се сомневаат дека ваквите тврдења на полицијата се само за да ја смират мајката на Фазели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.