Француската подморница Минерва, која исчезна во 1968 година со 52 члена на екипажот, е пронајдена во близина на Тулон, изјави денеска министерката за одбрана на Франција, Флоранс Парли.

Тоа што ја најдовме подморницата е успех, олеснување и технички подвиг – рече Парли.

Таа додаде дека нејзините мисли се со семејствата на членовите на екипажот кои толку долго чекаа на овој момент.

Подморницата, на 45 километри од Тулон и на длабочина од 2,3 метри, ја пронајде американскиот брод „Сибед констактор“, кој доплови минатиот четврток за да се приклучи на потрагата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.